Балкан, Коронавирус

Во Северна Македонија регистриран рекорден број на починати лица од Ковид-19 во едно деноноќие

Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани 41 смртен случај од последиците на коронавирусот (Ковид-19) со што вкупната бројка на смртни случаи од овој вирус се искачи на 1.699

Admir Fazlagic  | 28.11.2020 - Обновена : 29.11.2020
Во Северна Македонија регистриран рекорден број на починати лица од Ковид-19 во едно деноноќие

СКОПЈЕ

Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани 41 смртен случај од последиците на коронавирусот (Ковид-19) со што вкупната бројка на смртни случаи од овој вирус се искачи на 1.699, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се регистрирани 1.022 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи на овој вирус во земјата се искачи на 60.723.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 680 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на оздравени се искачи на 37.505.

Бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 21.519. 

Досега во земјата се направени вкупно 329.086 тестирања на Ковид -19, од кои 3.127 тестирања во последните 24 часа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın