Балкан

Воена парада во Хрватска по повод 30-годишнината од операцијата „Бура“

На парадата учествуваа војници од копнените, воздушните и поморските сили на Хрватска

Elena Trenchevska Chekovic  | 01.08.2025 - Обновена : 02.08.2025
Воена парада во Хрватска по повод 30-годишнината од операцијата „Бура“ Фото: Stipe Majic/AA

СКОПЈЕ (АА) - Во Загреб, Хрватска, вчера се одржа воена парада по повод 30-годишнината од операцијата „Бура“ (Олуја), која ја спроведе армијата против Србите, јавува Анадолу.

На парадата учествуваа војници од копнените, воздушните и поморските сили на Хрватска.

На 4 август 1995 година хрватската армија покрена широка артилериска и пешадиска офанзива за враќање на територијата која четири години беше под контрола на тамошните Срби.

Инаку, операцијата „Бура“ се смета за значајна пресвртница на патот кон независност.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.