политика, Балкан

Бујар Османи бара итна деескалација на северот на Косово и ослободување на тројцата косовски полицајци

„Од суштинско значење е сите страни да работат на мир и јас ги повикав да го сторат тоа! ОБСЕ понуди и е подготвен да помогне врз основа на барање“, рече Османи

Abdula Berisha  | 20.06.2023 - Обновена : 21.06.2023
Бујар Османи бара итна деескалација на северот на Косово и ослободување на тројцата косовски полицајци

СКОПЈЕ (АА) - Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, воедно и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи, повика на итна деескалација на северот на Косово и на ослободување на тројцата косовски полицајци, пренесува Анадолу.

Османи преку објава на Твитер информира дека комуницирал со министрите за надворешни работи на Србија и Косово.

„Го повторив мојот повик за итна деескалација во општините на северот на Косово. За Србија е исклучително важно да овозможи итен пристап и да ги ослободи приведените полицајци“, нагласи Османи.

Тој рече дека укажал на потребата Косово и Србија да се придржуваат до патоказот на меѓународната заедница за деескалација, потсетувајќи дека КФОР има должност да осигура безбедна средина во општините на северот.

„Од суштинско значење е сите страни да работат на мир и јас ги повикав да го сторат тоа! ОБСЕ понуди и е подготвен да помогне врз основа на барање“, рече Османи.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.