Бугарскиот Парламент едногласно ја прифати оставката на Владата на Жељазков
- Пратениците гласаа со 227 гласови „за“, немаше против, а ниту воздржани, за да го одобрат заминувањето на Кабинетот, според Бугарската новинска агенција (БТА).
ИСТАНБУЛ
Бугарскиот Парламент денес едногласно ја прифати оставката на премиерот Росен Жељазков и неговата Влада, со што официјално заврши мандатот на Кабинетот во услови на масовни протести кои се одржуваа со недели, јавува Анадолу.
Пратениците гласаа со 227 гласови „за“, немаше против, а ниту воздржани, за да го одобрат заминувањето на Кабинетот, според Бугарската новинска агенција (БТА).
Жељазков ја најави својата оставка на итна прес-конференција вчера, неколку минути пред Парламентот да започне расправа за предлогот за недоверба поднесен од коалицијата „Продолжуваме со промени – Демократска Бугарија“, МЕЦх и Алијансата за права и слободи.
И покрај најавата за оставка, предлогот за недоверба сепак беше ставен на гласање и не помина, со 106 гласови „за“, немаше против, ниту воздржани. За да биде успешен, таков предлог треба да биде поддржан од најмалку 121 член на 240-члениот Парламент.
Во Бугарија од 26 ноември се одржуваат масовни антивладини протести, кои првично беа предизвикани од контроверзните предлог-буџети на Владата, а подоцна прераснаа во пошироко незадоволство од наводна корупција, неправда и неуспеси во управувањето.
Во обраќање до јавноста, Жељзков порача дека владејачката коалиција верувала дека ќе го преживее гласањето за недоверба, но нагласи дека се почитува чувството на граѓаните.
„Изворот на моќта е суверенот и гласот на народот“, рече тој, додавајќи дека Владата се стреми да ги исполни очекувањата на општеството.
Жељазков беше избран за премиер на 16 јануари 2025 година, со 125 гласа „за“, 114 „против“ и без воздржани.
Со официјалното прифаќање на оставката од страна на Парламентот, ќе се активираат уставните процедури за определување на следните чекори во формирањето на извршната власт.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
