Балкан

БиХ: Нов силен земјотрес утрово го потресе Столац

- Градот Столац во БиХ утрово во 6:27 часот го потресе нов земјотрес, овој пат со интензитет од 4,8 степени според Рихтер.

Bakir Tiro  | 24.04.2022 - Обновена : 25.04.2022
БиХ: Нов силен земјотрес утрово го потресе Столац

САРАЕВО/СТОЛАЦ (АА) - Градот Столац во Босна и Херцеговина утрово во 6:27 часот го потресе нов силен земјотрес, известува Агенција Анадолија (АА).

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) објави дека земјотресот овој пат бил со интензитет од 4,8 степени.

Епицентарот на земјотресот бил 17 километри источно од градот Столац, на длабочина од 10 километри. Бил со пократок интензитет отколку земјотресот што се случи пред речиси два дена.

Во земјотресот со интензитет од 5,6 степени што го потресе Столац во петокот вечерта во 23:07 часот животот го загуби 28-годишна девојка, а причинета е и значителна материјална штета на голем број објекти во градовите низ БиХ.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.