Анализа на вести

Грција со договорот постигнат со Египет ја регистрираше својата неправичност во Медитеранот

Администрацијата на кипарските Грци сиве договори и тврдења против Турција ги темелеше врз средните гранични линии. Никогаш не ја спомна должината на брегот, што е критериум за правичност и праведност.

Prof. Dr. Sertaç Hami Başeren  | 12.08.2020 - Обновена : 17.08.2020
Грција со договорот постигнат со Египет ја регистрираше својата неправичност во Медитеранот

ИСТАНБУЛ

- Сертач Хами БАШЕРЕН

Меѓу Турција и Грција дојде до зголемување на тензиите кога турската страна објави дека истражувачкиот брод „Оруч Реис“ ќе спроведе истражувања јужно од островот Кастелоризо, но благодарение на иницијативата на германската канцеларка Ангела Меркел, ситуацијата се смири пред да прерасне во криза.

Оттогаш не измина ниту една недела, а Грција и Египет објавија дека потпишале договор за ограничување на Ексклузивната економска зона (ЕЕЗ) за континенталниот гребен. Бидејќи сè уште не го видовме официјалниот текст, не знаеме точно каде оди границата. Сепак, едно е сигурно: спроведената јурисдикција на поморските гранични линии меѓу Грција и Египет, без оглед преку кои граници, преку кои рути минуваат, очигледно става до знаење дека нивна единствена цел е елиминирање на јурисдикцијата на Турција и Либија врз поморските гранични области.

Неколку мапи објавени во грчките весници го покажуваат тоа. Тоа е причината поради која Турција од највисоки инстанци упати протест штом слушна за Договорот за надлежностите на поморското разграничување меѓу Грција и Египет. Претседателот Реџеп Таип Ердоган и министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, изјавија дека овој договор за Турција „нема никаква вредност“.

Турција мораше да протестира против Грчко-египетскиот договор и го стори тоа. Тоа што Турција протестираше против договорот, за Грција не значи дека сѐ си оди по својот пат. Овој договор за Грција е многу полош отколку за Турција. На крајот на краиштата, што и да кажува договорот, тоа не ја обврзува Турција, бидејќи Турција овој договор не го признава, но Грција е потписничка на договорот и мора да се однесува во согласност со него.

За да опишеме што се случува во Источниот Медитеран, мора да се вратиме малку наназад: сѐ започна во втората половина на 1990-тите, кога во регионот беа пронајдени ресурси на јаглероводород. За жал, ова богатство не беше искористено за решавање на регионалните спорови. Земјите од регионот западнаа во изнаоѓање патишта како да ги присвојат овие природни ресурси или да ги контролираат излезните патишта кон пазарот. Дури и големите сили надвор од регионот почнаа да се интересираат за овој проблем. Така, на старите спорови им беа додадени нови.

Администрацијата на кипарските Грци ги игнорира легитимната држава, Турската Република Северен Кипар (ТРСК) и кипарските Турци кои ги имаат истите права со кипарските Грци. Дервиш Ероглу, поранешен претседател на ТРСК, предложи истражувањата и деловните активности на природното богатство на островот Кипар да почекаат до изнаоѓање на колективно решение за проблемот, или формирање на заедничка комисија која ќе ги преземе истражувачките и деловните активности, а добиените приходи да се искористат за решавање на кипарскиот проблем. Администрацијата на кипарските Грци ги отфрли сиве овие предлози; дејствуваше како да е единствената легитимна власт на островот Кипар. Таа изјави дека 20 проценти од приходите ќе им бидат распределени на кипарските Турци, но дека тие средства ќе бидат блокирани во банка и ќе им бидат исплатени по колективното решение.

Во исто време Администрацијата на кипарските Грци даде неосновани обвинувања против Турција. Потпиша договори за разграничување со некои од соседните држави. Објави блокови за истражувања, одржа тендери и издаде лиценци. Сето тоа го направи самоиницијативно, игнорирајќи ја ТРСК и кипарскиот проблем го рашири и на морскиот дел. Администрацијата на кипарските Грци првиот договор за ограничување го направи со Египет. Ова беше проследено со Договорот за разграничување потпишан со Либан. Овој договор не беше ратификуван од Либан и никогаш не стана обврзувачки. Последниот договор на администрацијата на кипарските Грци е за разграничување со Израел. Исто така, се обиде да склучи договори за разграничување со Сирија и Грција.

Сиве овие договори и тврдења против Турција, Администрацијата на кипарските Грци ги темелеше врз средните гранични линии. Никогаш не ја спомна должината на брегот, што е критериум за правичност и праведност. Турција и ТРСК протестираа против неправедните обвиненија од страна на Администрацијата на кипарските Грци и против постигнатите договори со трети страни без кипарските Грци да имаат овластување за тоа. Државите кои се согласија на овие неправедни договори претрпеа различен степен на губење на правата. На пример, Египет, наместо да склучи договор за ограничување на границите со Турција, склучи договори со Администрацијата на кипарските Грци, „подарувајќи“ ѝ на грчката страна површина од 12.000 квадратни километри, богата со јаглероводороди. Како одговор на оваа незаконска економија на Администрацијата на кипарските Грци, ТРСК, врз основа на еднаквите права со кипарските Грци, склучи договор за ограничување на континенталниот гребен со Турција на северот од островот, издавајќи ѝ лиценци на Турската нафтена корпорација (TPAO).

Турската нафтена компанија спроведе сеизмички прегледи и сондажа врз основа на овие лиценци. Во тој контекст, бродот за истражување и развој „Фатих“ направи сондажа во име на ТПАО на западниот дел од кипарскиот остров. Протестирајќи против сондажата, Администрацијата на кипарските Грци ја прогласи за граница на својата Ексклузивна економска зона (ЕЕЗ) средната линија што се протега од Турција до островот Кастелоризо и се пресекува со средната линија од Турција до островот Кипар. Како одговор на ова, Турција објави дека нејзин е просторот кој се протега од сопствениот континентален гребен со географска должина 32° 16' 18" на истокот, па сѐ до грчките територијални води на западот.

Присуството на јаглероводороди ресурси во регионот ја мобилизира и Грција. Врз основа на средните линии меѓу островот Кастелоризо и Анадолија, и Грција започна со поставување прекумерни барања.

Грција и Администрацијата на кипарските Грци, зборувајќи за заедничките континентални гребени и Ексклузивната економска зона (ЕЕЗ), прикажаа став со цел Турција да биде оддалечена од природните ресурси на Медитеранот. Поточно, се обидоа Турција да ја затворат во тесно подрачје на отворено море во заливот на Анталија. Турција претходно издаде лиценци и изработи сеизмички истражувања од географската должина 32° 16' 18" на истокот до 28° 00' 00" на истокот. Бродовите кои во име на Грција спроведуваа истражувања во западниот дел, Турција ги информира дека се во територијални води на турскиот континентален гребен и ги отстрани од областа. Турција со Договорот за јурисдикција на поморските гранични линии потпишан со Либан на 27 ноември 2019 година, јасно стави до знаење дека не ги признава и нема да ги признае незаконските тврдења на Грција.

Администрацијата на кипарските Грци и Грција го бранат ставот дека и нивните острови имаат континентален гребен исто како и копното, и сметаат дека разграничувањето им е засновано врз средни линии. Но ваквите тези на Администрацијата на кипарските Грци и Грција не се разумни. Карпите што не се погодни за човеково живеалиште или немаат сопствен економски живот, не претставуваат Ексклузивна економска зона или континентален гребен. Познатиот адвокат проф. д-р Хусеин Пазарџи вели дека ова важи и за територијалните води.

Меѓународното право предвидува ограничувањата да се направат на фер начин. Според тоа, островите што се наоѓаат од спротивната страна на исцртаните средни линии помеѓу централните копна на земјите, според централните копна, или ќе имаат помал континентален гребен, или нема да имаат континентален гребен ниту Ексклузивна економска зона (ЕЕЗ). Исто така, важна е и состојбата на бреговите: кратките брегови ќе имаат помал континентален гребен, а долгите брегови ќе имаат подолг континентален гребен. Во однос на ова прашање постои стабилна, добро воспоставена судска пракса.

Кога станува збор за средната линија што Администрацијата на кипарските Грци и Грција се обидуваат да ѝ ја наметне на Турција, тоа е еден од неколкуте достапни методи на разграничување. Методите на разграничување не се валидни доколку се независно од правичноста, бидејќи тоа е правило на разграничувањето. Методот на средна линија не може да се практикува за праведно разграничување меѓу Турција и Грција и меѓу Турција и островот Кипар во Источниот Медитеран. Турција истакнува дека островите се наоѓаат од спротивната страна на нејзиниот континентален гребен и дека нивните кратки брегови се опкружени од турските територијални води.

Од друга страна, Грција, со цел да го елиминира разграничувањето меѓу Турција и Либан, потпиша договор за разграничување на границата со Египет, со што си постави динамит под сопствената теза.

Границата приближно се протега од географската должина 26° 00' 00“ источно до должината 28° 00‘ 00“ источно. Египет го задржа својот познат став, игнорирајќи го островот Кастелоризо, кој е уште повеќе на исток. Египет во подрачјето кое се протега од географската должина 28° 00' 00" источно, кон исток до западниот врв на границата меѓу Египет и Администрацијата на кипарските Грци, си замислил да исцрта континентален гребен / Ексклузивна економска зона (ЕЕЗ) заедно со Турција. Грција без коментар прифати географската должина 28° 00' 00" источно да биде источна граница на континенталниот гребен во Источниот Медитеран, островот Родос треба да има половично влијание, а островот Кастелоризо да биде опкружен со територијалните води. Иако Грција тоа нема лесно да го признае, тоа е сликата прикажана со исцртаната граница. Во оваа ситуација, нема никаква смисла Грција да прави катастрофа во врска со истражувањето и сондажата на бродот „Оруч Реис“. Областа за истражување на бродот за истражување и сондажа „Оруч Реис“ завршува на географската должина 28° 00' 00“ источно, односно на делот каде што започнува границата на грчко-египетскиот континентален гребен. Грција најверојатно се има обратено до својата јавност. Всушност, нема друго логично објаснување за Грција, која прифати нејзината граница на истокот да заврши на географската должина 28° 00' 00“.

Разграничувањето на поморското право меѓу Грција и Египет има и други последици. Со овој договор, можноста за постигнување договор за разграничување меѓу Грција и Администрацијата на кипарските Грци стана историја. Исто така, исчезна и можноста трасата на гасоводот „ИстМед“, која се чини скоро невозможна, да стигне до грчкиот континентален гребен преку Ексклузивната економска зона на Администрацијата на кипарските Грци без да помине низ турскиот континентален гребен. Со Договорот за разграничување меѓу Грција и Египет, Грција се откажа од наметнувањето средни линии. Средната линија се наоѓа на околу 35 километри северно од исцртаната граница повлечена помеѓу Родос, Касос, Карпатос, островот Крит и брегот на Египет. Во таков случај, Турција не е земена предвид. Египет, имајќи ги предвид пократките брегови на грчките острови наспроти своите долги брегови, сакаше средната линија да се повлече кон север и ја натера Грција да го прифати тоа. Ситуацијата на Грција е малку конфузна: на кој начин ќе ја прифати средната линија со Турција, која наспроти грчките острови, исто како и Египет, има долг брег? Доколку се точни податоците во врска со границата, тоа значи дека Грција се откажала од овие тези. Турција преку островот Кастелоризо потврди дека грчките острови кои се наспроти континенталниот гребен на Турција, се опкружени со нејзините територијални води. Поради Грчко-египетскиот договор за разграничување на Ексклузивната економска зона (ЕЕЗ) на континенталниот брег, постојат некои резултати што претставуваат придобивка за Турција. Таа, истакнувајќи дека не ги признава договорите меѓу Египет и Грција и Египет и Администрацијата на кипарските Грци, би можела да размисли за идејата на разграничување на континенталниот гребен со Египет за Ексклузивната економска зона (ЕЕЗ), која се протега од географската должина 28° 00' 00" источно, кон исток, до западниот врв на границата меѓу Египет и Администрацијата на кипарските Грци.

Наспроти ова, постојат неприфатливи нешта од аспект на Турција: географската должина од 28° 00' 00" источно да биде западна граница на континенталниот гребен на Турција во Источен Медитеран; откажување од турско-либанската граница и од опкружувањето на островите Родос, Касос, Карпатос, потполно влијание врз островите Касос и Карпатос, половично влијание врз Родос, северниот дел на островот Родос во Егејското Море да навлезе во турските граници во Источниот Медитеран. Последните две, со поставување во Егејското Море покрај Источниот Медитеран, може да изроди неприфатливи резултати. На некој начин, Египет релативно ги заштити своите права со тоа што ја натера Грција да ја прифати идејата големите брегови да имаат голем, а кратките брегови краток континентален гребен. Од друга страна, гледајќи на можното исцртување на границата со Турција, може да се забележи дека на Грција ѝ подарил многу важен континентален гребен. Но истата дарежливост не ја покажал кон својот сосед Либан; дури е и скржав. Линијата за еквидистанца долж границата што се протега на запад, формира странична граница на поморските надлежности меѓу Либан и Египет, што е на штета на Либан. Договорот меѓу Грција и Египет, во исто време посеа семе на граничниот спор и меѓу Либан и Египет во Источен Медитеран. Либан и Египет западнаа во несогласување околу нивните копнени граници. Поради оваа причина имаше сериозни оружени судири меѓу двете држави. Фаиз ес-Сараџ, премиерот на либанската Влада која е признаена на меѓународната арена, не треба да протестира само поради Договорот за разграничување на границата меѓу Египет и Грција со кој се прави обид да се елиминира границата помеѓу Турција и Либан, туку треба да ги оцени и да протестира поради повредата на страничната граница меѓу Либан и Египет.


- Што следува по ова?

Грција се откажала од некои свои позици при постигнувањето на Договорот со Египет, со цел да ги елиминира областите на поморската надлежност што се дадени со Договорот меѓу Турција и Либан. На пример, се откажа од преземање на островот Кастелоризо само за да постигне договор за разграничување со Египет. На тој начин се појави незаконитоста на грчкото тврдење дека средната линија на границата е меѓу Кастелоризо и Анадолија, на штета на Турција. Оваа ситуација може да ја направи Грција агресивна. Со цел оваа незаконска граница да се сврти против Турција, можно е зголемување на грчките дипломатски иницијативи со трети земји. Можно е вложување повеќе напори, особено за злоупотреба на Европската Унија (ЕУ). Ако изнајде можност, се очекува и зголемување на активностите на терен. Договорот за разграничување на поморските граници меѓу Грција и Египет претставува провокција на декларираното истражување и сондажа на теренот од страна на бродот „Оруч Реис“. Областа во која „Оруч Реис“ ги спроведува истражувањата, се протега до географската должина 28° 00' 00“. Сеизмичкото истражување што треба да се спроведе во тоа подрачје покажува дека Турција го опколува Кастелоризо и притоа не му дава целосно влијание на Родос; но тоа не е показател дека не го признава Договорот за разграничување меѓу Грција и Египет; Областите на поморска надлежност постигнати со Договорот меѓу Турција и Либан не е доволен за да го поддржи Договорот за разграничување. Затоа, потребно е областа на истражување на бродот „Оруч Реис“ да се прошири на запад или Турција да започне со нови сеизмички истражување и операции за сондажа западно од географската должина 28° 00' 00", долж турско-либанската поморска граница.

Турција протестираше против ограничувањата воведени со Договорот меѓу Египет и Грција, кој ги прекршува нејзините права. Можеби Грција, со цел да го елиминира Договорот за разграничување меѓу Турција и Либија, ризикуваше можна ерозија на сопствените тези. Турција може да има корист од тоа, но со тоа проблемот не е решен; сè е само малку покомплицирано, малку позаострено.

[Проф. д-р Сертач Хами Башерен, претседател на Секторот за меѓународно право на Факултетот за политички науки при Универзитетот „Анкара“]


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.