Чешка: Демонстрации против задолжителна вакцинација против Ковид-19
- Со уредбата објавена во службениот весник на 10 декември во Чешка од 1 март 2022 година е воведена задолжителна вакцинација за граѓани постари од 60 години, како и за припадниците на полицијата, лекарите, војниците и здравствените работници

ПРАГА
Во Чешка, особено во главниот град Прага одржани се протести против задолжителна вакцинација против Ковид-19, која во март ќе стапи на сила за лицата постари од 60 години и некои други групи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Голем број на демонстранти се собрале на Вацлавскиот плоштад, еден од важните плоштади, на демонстрациите кои ги организираше невладината организација против вакцини „Chcipl PES“.
Потоа демонстрантите маршираа и извикуваа слогани против неопходноста за вакцинација пред зградата на парламентот.
На демонстрациите одржани во главниот град и во многу градови низ земјата, побарано е на 1 март да не стапи на сила задолжителната вакцинација за граѓани постари од 60 години и оние кои работат во сектори како што се здравството и безбедноста.
Со уредбата објавена во службениот весник на 10 декември, во Чешка од 1 март 2022 година се воведува задолжителна вакцинација за граѓани постари од 60 години, како и за припадниците на полицијата, лекарите, војниците и здравствените работници.
Петр Фиала, новиот премиер на Чешка, кој ја презеде функцијата на 18 декември 2020 година, најави дека граѓаните постари од 60 години ќе бидат изземени од наведената уредба со закон кој ќе биде донесен во февруари.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.