Ayşe Hümeyra Atılgan
19 Октомври 2017•Ажурирај: 20 Октомври 2017
АНКАРА (АА) - Премиерот на Република Турција, Бинали Јилдирим, денес во Анкара се сретна со првиот заменик на иранскиот претседател, Исак Џихангири, и изрази задоволство од сѐ поинтензивната соработка меѓу двете земји во борбата против терористичката организација ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
„Турција и Иран ја делат истата загриженост кога станува збор за иднината на регионот, и ќе ја продолжиме опсежната соработка во процесот на надминување на кризата во северен Ирак“, рече Јилдирим по состанокот.
Кризата во северен Ирак ескалираше на 25 септември кога Регионалната курдска управа спроведе нелегитимен референдум за независност на кој остро се противи Владата на Ирак, но и меѓународната заедница на чело со првите соседи Турција и Иран.
Јилдирим и Џихангири денес во палатата Чанкаја разговараа за билатералните односи меѓу Анкара и Техеран, но и за актуелната состојба во соседните Ирак и Сирија.
Првиот заменик на иранскиот претседател, Џихангири, утре ќе присуствува на состанокот на претставниците на групата Д8 (Developing 8) во Истанбул.