Burcu Çalık
06 Јануари 2018•Ажурирај: 07 Јануари 2018
НЕВШЕХИР (AA) – Премиерот на Република Турција Бинали Јилдирим денеска во турскиот град Невшехир порача дека преку судскиот процес против челникот на Халкбанк Хакан Атила во САД, сакаат да ја осудат Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Јилдирим им се обрати на претриемачите од овој град, а во таа прилика се осврна и на актуелните случувања.
„Во САД денеска се води еден процес, а се работи за процес во кој одлуките ги донесуваат судии кои практично се заробени од страна на припадниците на ФЕТО. Човекот го приведуваат како обвинет, на суд му се менува статусот во сведок. Потоа му велат: ‘Ти си чист, сега можеш да лажеш колку што сакаш. Обвинувај ја Владата на Турција, премиерот, претседателот, секого кого го имаш пред себе", рече Јилдирим.
Додаде дека тоа не е се и дека тие тука не запираат.
„На заменик директорот на банката во Турција (Хакан Атила) го земаат и го ставаат на обвинително столче. Што тие всушност прават? Преку Хакан Атила сакаат да ја осудат Турција. Кој го прави тоа? Обвинители и судии кои одат рака под рака со ФЕТО", порача турскиот премиер Јилдирим.
Тој наведе дека со случајот против челникот на Халкбанк Хакан Атила во САД е направен масакр над правдата.
„Отвораат случаи кои ги подготвиле и исцртале припадниците на ФЕТО, па на суд обвинуваат според тоа. Потоа, судот вели: ‘Иако нема докази, вие немојте да се откажувате од обвиненија, нема потреба за докази, продолжете со обвиненија.’ И тоа тогаш се нарекува ‘независно правосудство’. Оние кои со овој процес го масакрираа, стануваат и ни држат лекции за правда", порача премиерот Јилдирим.