İlkay Güder
06 Јануари 2018•Ажурирај: 07 Јануари 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - По седум години реставрација, бугарската православна црква Свети Стефан ќе биде официјално отворена утре во Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Таа се наоѓа на брегот на Златниот рог на Балатa, а се издвојува бидејќи е целосно направена од ковано железо. На свеченото отворање ќе присуствуваат турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и бугарскиот премиер Бојко Борисов.
Црквата Свети Стефан првично била изградена од дрво. Таа беше повторно изградена во 1898 година, овој пат од железо. Реставрацијата, направена од Градот Истанбул, траеше седум години. Направено е сѐ, од подот до таванот.
Од 3,5 милиони евра (16 милиони турски лири), колку што е вложено црквата да се спаси од пропаѓање, повеќе од 2,8 милиони евра (13 милиони лири) издвои Градот Истанбул.