Sibel Kurtoğlu
30 Декември 2017•Ажурирај: 31 Декември 2017
ЕДЕРНЕ (АА) - Турскиот премиер, Бинали Јилдирим денес во западниот турски град Едерне порача дека во блиска иднина целиот свет ќе ја признае палестинската земја и Источен Кудс за нејзин главен град, јавува Anadolu Agency (AA).
Јилдирим престојуваше во посета на Едерне, каде се обрати на насобраните граѓани на Конгресот на Партијата за правда и развој (АК Партија). Во фокус на неговото обраќање беа последните случувања околу американското прогласување на Кудс за главен град на Израел.
Тој додаде дека на Трамп јасно му е порачано дека работите околу Кудс не можат да се одвиваат на начин 'јас го признав, готово е'.
„Дали е можно тоа да оди на тој начин? Не е. Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган излезе и рече: 'Не ја признаваме твојата одлука'. Сите исламски земји, сите други земји на светот кои се со здрав разум, беа единствени против овој вообразен обид и не го прифатија“, изјави Јилдирим.
Тој додаде дека поддршка на Палестина ѝ дале и исламскиот и христијанскиот свет, со други зборови, Палестина ја поддржа целото човештво.
„Во блиска иднина целиот свет ќе ја признае Палестина, и Источен Кудс за нејзин главен град. На тој начин ова прашање ќе биде решено и проблемот ќе биде отстранет,“ порача турскиот премиер Бинали Јилдирим.