İlkay Güder
30 Декември 2017•Ажурирај: 31 Декември 2017
КАСТАМОНУ (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денес во турскиот град Кастамону порача дека САД им ветиле дека нема да ги вооружуваат терористичките организации во регионот, но од тој момент им се доставени повеќе од четири илјади камиони вооружување, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган денес зборуваше пред насобраните граѓани во турскиот град Кастамону, каде е одржан конгрес на Партијата правда и развој (АК Партија). Во таа прилика се осврна и на давањето вооружена поддршка од страна на САД за терористичката организација ПКК/ПЈД.

„Од моментот кога лично ми ветија дека нема да ги вооружуваат терористичките организации во регионот, повеќе од четири илјади камиони се наполнети со оружје, со оклопни возила... Не само што тоа е поделено долж сириската граница со нас, туку за тоа е одвоен буџет и за наредната година. Поради ваквата поддршка, секој ден е се повидливо беснилото кај сепаратистичката организација. Во тој контекст, нема повеќе место за зборови. Во наредниот период пред нас е само имплементација и извршување“, порача Ердоган.
Тој се осврна и на меѓусебното укинување на суспензиите со САД, и нагласи дека Турција никогаш не сакала да предизвика таква криза.
„Кризата околу визите ја покренаа сами (САД), а сега ја завршија. Колку убаво. Ние никогаш ни не сакавме таква криза. Сега е укината, а така требаше и да биде. Нема никаква причина да не биде така и по прашањето за Сирија“, изјави Ердоган.
Тој истакна дека неговата земја на подрачјето на Сирија, како што тоа го прави со Иран и Рисија, исто така сака да работи и со САД, но како што рече, проблемот е во тоа дали САД сака да соработува или не.
„Ние во Сирија, како што работиме со Иран и Русија, исто така сакаме да соработуваме и со САД. Но, проблемот е во тоа дали САД сака да работи со нас или не. Доколку сакаат да соработуваат, би ни било задоволство. Заедно ќе видиме што можеме да направиме. Кој кон нас направи еден чекор, ние нема да се двоумиме да одговориме на тоа. Во суштина, нема проблем кој не можеме да го решиме“, нагласи турскиот претседател.
Зборувајќи за ситуацијата во Сирија, Ердоган изјави дека угнетувачите во Сирија вчера се нарекувале режим и ДЕАШ, а денес нивното име е ЈПГ/ПЈД.
„Ако во Сирија се така е добро, зошто на нашата територија сеуште живеат повеќе од три милиони бегалци. Бидејќи, ние многу добро знаеме дека тамо само се менуваат имињата и знаците на терористичките организации, нивното насилство е исто. Вчера угнетувачот се викаше режим, вчера се викаше ДЕАШ, сега се вика ЈПГ/ПЈД. Она што му го направивме на ДЕАШ, истото ќе ѝ го направиме и на оваа терористичка организација и ќе ја направиме сигурна територијата преку нашата граница", порача турскиот претседател Ердоган.