Ferdi Türkten
17 Февруари 2018•Ажурирај: 18 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот премиер, Бинали Јилдирим, кој престојува во Германија, денес во Минхен изјави дека САД сака да ја уништи ДЕАШ соработувајќи со ЈПГ/ПЈД, а тоа е друго име за терористичката организација против која Турција се бори веќе 40 години, јавува Anadolu Agency (AA).
Јилдирим во рамките на посетата на Германија престојуваше во Минхен, а во таа прилика одговораше на прашањата на новинарите.
Во врска со борбата против тероризмот, Јилдирим се осврна на соработката на САД со терористичката организација ЈПГ/ПЈД.
„САД влезе во процес каде во соработка со ЈПГ/ПЈД сака да ја уништи ДЕАШ. Некој знае, некој можеби и не, но ЈПГ/ПЈД е гранка или второ име на терористичката организација со која Турција се бори веќе 40 години. Тие се еднакви, иста терористичка организација“, порача Јилдирим.
Тој изјави дека во затворите во Турција се наоѓаат 10.000 припадници на терористичката организација ДЕАШ.
„Во затворите во Турција моментално се наоѓаат 10.000 припадници на терористичката организација ДЕАШ. Најмалку 5.800 странци се вратени од нашите граници. Ако прашате од каде доаѓаат тие, доаѓаат од европските земји. Освен тоа, оневозможивме влез на 4.000 осомничени, и забранивме влез во нашата земја за 56.300 лица за кои постои можност дека се поврзани со ДЕАШ“, порача Јилдирим.
Нагласи дека Турција не се бори ниту против една земја.
„Во Сирија нема војна, туку таму е присутна борбата против тероризмот. Тоа не го прави само Турција, туку 62 земји во коалицијата. Тоа го прават Русија, Иран и Турција. Ние сме дел од НАТО, во коалицијата сме, пружаме поддршка од воздух. Во рамките на НАТО ќе пружаме поддршка преку нашите бази. Нема смисла сето тоа да се пркажува во друго светло. Секако, доколку некоја земја кон нас покаже непријателство, одлучи да војува, нема да остане без одговор. Но, такво нешто не сакаме да правиме“, порача Јилдирим.