Merve Yıldızalp
27 Јануари 2017•Ажурирај: 27 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим денес во Анкара изјави дека на југоисточниот дел на земјата за една година ќе биде завршена изградбата на 35.000 стамбени еденици на семејствата на југоисточниот дел на земјата чии домови се уништени или оштетени во нападите на терористичката организација ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
„Изградбата на 35.000 стамбени единици на југоистокот на нашата земја за чие рушење е одговорна подмолната сепаратистичка организација, се продолжува со зајакната динамика и изградени објекти кои ќе бидат на услуга на нашите граѓани во текот на годината”, изјави Јилдирим.