Kemal Karadağ
05 Јануари 2019•Ажурирај: 06 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - Министерот за правда на Турција, Абдулхамит Ѓул, изјави дека со секоја димензија е докажано дека ФЕТО е терористичка организација, и дека е важно тоа да се потврди од властите на САД, јавува Anadolu Agency (AA).
Ѓул во Анкара се состана со медиумите, каде што одговори на нивните прашања во врска со средбите на американската делегација во Турција реализирани во рамки на истрагата против ФЕТО.
Тој информираше дека од Турција се побарани некои информации во рамки на една истрага отворена во Регионалното обвинителство во Њујорк.
Ѓул потсети дека до САД се доставени барањата околу екстрадицијата на лидерот на ФЕТО во Турција, додека, според него, американските власти побарале лично да имаат пристап до дигиталните докази во врска со оваа тема, или до некои сведоци. Ѓул раскажа дека Турција им нудела помош на американските претставници во врска со судството.
„Кога ја видовме нивната желба да бидат информирани, видовме дека сериозно го сфатиле тоа. Многу е важно тоа што го кажаа: ’Вие велите вака, но да видиме и ние со нашите очи‘“, додаде тој.
Ѓул рече дека ќе се обидат да им ги предадат сите информации и документи во врска со истрагата во САД.
Турскиот министер за правда нагласи дека на американските претставници им се предадени и сите информации во врска со обидот за атентат врз турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во текот на обидот за државен удар на 15 јули 2016 година во Турција.
Ѓул истакна дека средбите на американската делегеција во Турција се важни во насока на тоа да се види дека Турција врши праведно судење во врска со терористичката организација ФЕТО.
„Оваа тема е многу значајна за државата и народот. Сакаме да добиеме резултат од тоа. Тоа што ќе го кажуваме, би било причина за различни лобија таму да вршат саботажа врз овој процес. Доаѓањето на еден припадник на судството е важно за одржувањето состаноци. Ова беше многу значаен процес за да се види дека Турција врши праведно судење во врска со тоа и дека со докази оди кон резултат, а дека американската делегација беше сведок на тоа. Беше извршен голем напад врз Турција“, рече Ѓул.
Тој рече дека процесот на екстрадиција на лидерот на ФЕТО, Фетула Ѓулен, е посебен процес.
„Но уверувањата на судските власти, кои ќе бидат прифатени од страна на САД, позитивно ќе влијаат врз овој процес“, додаде турскиот министер за правда, Абдулхамит Ѓул.