Sena Güler
25 Март 2019•Ажурирај: 26 Март 2019
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за правда, Абдулхамит Ѓул, истакна дека посетата на терористот, кој изврши терористички напад врз две џамии во Нов Зеланд, на Турција била повеќе од туристичко патување, јавува Anadolu Agency (AA).
„Јасно е дека посетата на Турција од страна на лицето кое го изврши инцидентот во Нов Зеланд, е повеќе од туристичка посета“, нагласи Ѓул при гостувањето во уредничкиот деск на AA.
Најмалку 50 муслимани беа убиени и исто толку повредени кога на 15 март, терористот Брентон Тарант (28), роден во Австралија, влезе во џамиите „Ал Нур“ и „Линвуд“ во Крајстчрч и ладнокрвно со огнено оружје стрелаше во верниците, меѓу кои имаше и четири деца помлади од 18 години.
Според турските официјални лица, терористот ја посетил Турција двапати во 2016 година. Надлежните истакнаа дека ја оценуваат можноста терористот да дошол во земјата за да изврши терористичка или самоубиствена операција.