Bestami Bodruk
29 Октомври 2017•Ажурирај: 30 Октомври 2017
ДИЈАРБАКИР (АА) - Зубејир Aтли, шеф на ресторан во Дијарбакир, во југоисточна Турција, од лубеници, тикви, ротквици, моркови, краставици и друго овошје и зеленчук прави уметнички дела.
Aтли (36) со специјални ножеви и прецизни движења, лубениците, тиквите и други овошки и зеленчуци ги претвора во фигури, но и во цветни дизајни. На тој начин, ротквицата станува лебед, тиквата змеј, а лубеницата роза, поради што неговите дела се вкусни и пријатни за око.

За Anadolu Agency (AA) изјави дека како дете сакал да прави играчки од кал, а дека пред 15 години отпатувал за Анкара и станал дел од туристичкиот сектор.
„Тогаш имаше добри мајстори кои правеа украси од тикви и од лубеници. Кога видов што изработуваат, бев воодушевен и почнав да се занимавам со таа работа. За три до четири години почнав да ги изработувам овие украси“, објаснувајќи дека станува збор за посебен вид уметност.
Според него, декорациите може да се прават не само од тикви и лубеници, туку и од други видови овошје и зеленчук, но дека има овошје и зеленчук кое потешко или полесно се обработува.
„Мислам дека најтежок е доматот, бидејќи од него не може многу да се направи. Најлесно е да се работи со тиквата, бидејќи е цврста и еднобојна. Со лубеницата е малку потешко да се работи бидејќи постојат три бои, зелена, бела и црвена боја. Затоа од лубеницата не можете да правите што сакате, но можете од тиква“, рече Атли.
Одредени фигури се изработуваат за десет или 15 минути, а некои за три до четири часа. За овој тип на работа потребна е трпеливост, а не само време.
„Ова е работа која не толерира грешки. Кога ќе се направи грешка се губи формата и морате да почнете од почеток. Додека работите, мерките ви се најважни. Мерките мора да бидат балансирани со цел да се добие саканиот облик“, рече Aтли, додавајќи дека оваа работа му пружа големо задоволство.