Semra Orkan
02 Декември 2022•Ажурирај: 03 Декември 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Туркије добива поддршка кога има операција против ДАЕШ, но не и во операции против терористичката организација ПКК, рече портпаролот на турската владејачка Партија за правда и развој (АК Партија), Омер Челик, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Челик во телевизиско интервју истакна дека доколку не се спроведат антитерористичките операции на турските граници, ќе егзистираат терористички структури како државички.
Тој нагласи дека е очигледно дека курсот на дејствување на ПКК во Сирија и Ирак е воден од ентитет што ја надминува терористичката организација.
„Кој е тоа? Говориме за тоа дали е тоа поколективна структура. Судејќи според тоа како се одвиваат работите, се чини дека добива силна поддршка. Ова го видовме претходно во Авганистан. САД ја искористија Русија. Имаше прокси војна“, рече тој.
Челик нагласи дека заканата на границите на Туркије би била поголема доколку не се случеше Руско-украинската војна.
„Да не се случеше Руско-украинската војна, замислете ја равенката денес да немаше војна. Заканата на нашите граници ќе пораснеше уште повеќе.“
„На крајот на краиштата, не е избор, туку егзистенцијална потреба за Туркије кога нешто ѝ се заканува, а тоа е на оддалеченост од 30 километри од нашата граница, да се распореди и да нападне“, рече портпаролот на турската владејачка АК Партија.
Челик додаде дека овие воени операции сигурно ќе продолжат со цел да се осигура националната безбедност на Туркије и дека се има непрекинат контакт со населението од регионот и со сите групи.
„Колку подолго трае овој процес, толку повеќе терористички организации почнуваат да се сместуваат. Државата и општествените структури овде се соочуваат со големи закани. Потоа, средбата со Сирија и повторното отворање на вратите за комуникација доаѓаат во преден план, како задолжително отворање за регионот“, додаде тој.
Нагласи дека е клучно околу Туркије да има моќни државни структури бидејќи Туркије се грижи за територијалниот интегритет на Сирија и смета дека терористичката организација претставува закана и за Сирија и за Туркије.