Esin Işık
10 Јули 2019•Ажурирај: 11 Јули 2019
АНКАРА (АА) - Портпаролот на турската владејачка Партија зa правда и развој (АK Parti), Омер Челик, реагираше за изјавата на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендијас, јавува Anadolu Agency (AA).
„Грчкиот министер за надворешни работи зборувал со речник кој е исклучително далеку од речникот со кој треба да зборува еден државник“, истакна Челик во Анкара.
Тој нагласи дека пријателството на Турција е вредно, и дека никој не може да има штета од турското пријателство, истакнувајќи дека е жално што грчкиот министер за надворешни работи зборувал на ваков начин.
„Доколку продолжи со овој речник, нема да има добри резултати“, додаде тој.
Челик истакна дека ги поддржуваат изјавите на функционерите на Турската Република Северен Кипар, и дека речникот што го користеле грчката страна и грчкиот Кипар е нешто за што е потребно да се побара извинување.
Турција постојано ѝ се спротивставува на администрацијата на кипарските Грци за едностраните дупчења во Источниот Медитеран, нагласувајќи дека кипарските Турци, исто така, имаат права на ресурсите во тоа подрачје.
Грција вчера упати закани до Турција, истакнувајќи дека ќе побара санкции од ЕУ поради истражувачките активности на Турција на Медитеранот.
Во 1974 година, по државниот удар кој имаше за цел анектирање на Кипар од страна на Грција, Анкара интервенираше како земја гарант. Во 1983 година е основана Турската Република Северен Кипар.