Tuğrul Çam
10 Јули 2019•Ажурирај: 10 Јули 2019
АНКАРА (АА) - Министерството за надворешни работи на Турција објави соопштение во кое потсетува дека турскиот брод „Фатих“, кој од почетокот на мај започна со сондажа во водите западно од островот Кипар, го извршува испитувањето во рамките на просторот за кој на Турската нафтена коорпорација ѝ е издадена лиценца во 2009 и 2012 година и простор за кој Турција им декларираше на Обединетите нации дека спаѓа во континенталниот гребен (водена површина која го опкружува копното до длабочина од 200 метри), јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението се истакнува дека и бродот за сондажа „Јавуз“ се упатил јужно од полуостровот Карпас, додавајќи дека врз основа на издадената лиценца од страна на Турската Република Северен Кипар (ТРСК), Турската нафтена коорпорација има право да спроведува сондажа во име на кипарските Турци.
- „Алармантно е однесувањето како на островот да не постојат кипарските Турци“ -
Терминот „разгаленото дете на Европа“ всушност ѝ припаѓа на Грција. Грција, непослушното дете на Европа, и грчката администрација на Јужен Кипар, која во спротивност со меѓународното право е членка на Европската Унија (ЕУ), со години наназад создаваат нестабилност во Источниот Медитеран. Тоа што грчката администрација на Јужен Кипар во спротивност со меѓународното право е членка на Европската Унија и наводно го претставува целиот остров, не ѝ дава право да ги узурпира легитимните права и интереси на кипарските Турци, се истакнува во соопштението.
„Ги отфрламе изјавите на грчкото Министерство за надворешни работи и претставниците на ЕУ, кои активностите на Турција ги оценуваат како незаконски. Алармантна е ситуацијата што во овие изјави воопшто не ги споменуваат, како на островот да не постојат кипарските Турци, кои се коосновачи на Република Кипар, а чии права се одземени од 1963 година наваму“, се додава во соопштението.
- „ЕУ отворено покажа дека нема да игра неутрален посредник во преговорите“ -
Во соопштението се истакнува дека ЕУ станала партнер во играта што ја играат грчката администрација и Грција во неправдата насочена кон правата на кипарските Турци, додавајќи дека ЕУ отворено покажала дека нема да игра неутрален посредник во преговорите за изнаоѓање решение за кипарското прашање.
„Сѐ додека грчкиот дел од Кипар не донесе одлука со која во механизмот на споделувањето на приходите од јаглероводородните извори ќе бидат вметнати и кипарските Турци и ќе им бидат гарантирани нивните права, Турција, како што ги штити правата на сопствениот континентален гребен во Источниот Медитеран, на ист начин ќе ги штити правата и интересите и на кипарските Турци околу островот. Во тие рамки, во потполност ја поддржуваме изјавата на властите на Турската Република Северен Кипар во која се истакнува законското и легитимно право на бродот „Јавуз“, кој врши сондажа врз основа на издадените лиценци.“