Erdoğan Çağatay Zontur
10 Јули 2019•Ажурирај: 11 Јули 2019
ЕДРЕНЕ
„Најмалку 430 нелегални мигранти беа фатени во северозападниот дел на Турција“, велат безбедносни извори, јавува Anadolu Agency (AA).
Мигрантите, кои се обиделе да преминат во Европа по нелегален пат, се приведени од страна на жандармериските сили во Едрене, турска област која граничи со Грција и Бугарија.
Приведувањата се случија по дводневните инспекции од страна на локалните жандармериски сили во подрачјата Ипсала, Мерич и Узунќопру.
Нелегалните мигранти од Сирија, Авганистан и Бангладеш подоцна беа одведени во обласниот Директорат за миграции.
Турција е главна рута за нелегалните мигранти, кои се обидуваат да преминат во Европа, особено од 2011 година навака, кога започна граѓанската војна во Сирија.
Според податоците на Министерството за внатрешни работи, во Турција во 2018 година се фатени околу 268.000 нелегални мигранти.