Ogün Duru
13 Октомври 2021•Ажурирај: 14 Октомври 2021
АНКАРА
Мевлут Чавушоглу, министерот за надворешни работи на Турција, изјави дека терористичката организација ПКК и нејзиниот сириски огранок ЈПГ ја имаат за цел Турција и дека Анкара нема да ги следи ваквите случувања само како набљудувач, јавува Агенција Анадолија (АА).
Чавушоглу ги даде овие изјави на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи на Никарагва, Монкада Колиндрес, во турскиот главен град Анкара.
„Турција ќе стори сѐ што е потребно за да ги елиминира терористите од северна Сирија“, рече Чавушоглу, осврнувајќи се на ЈПГ/ПКК, која постојано ги има за цел турските сили во регионот.
Терористичката организација неодамна изврши напад со проектил врз оклопно возило, во кој загинаа двајца полициски службеници кои извршувале специјална операција.
„Русија и САД се исто така одговорни за нападите на ЈПГ/ПКК врз Турција, бидејќи тие не ги исполнија своите ветувања“, додаде Чавушоглу.