Nazlı Yüzbaşıoğlu
12 Септември 2017•Ажурирај: 13 Септември 2017
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу коментирајќи ја изјавата на германскиот министер за надворешни работи Сигмар Габриел за продажба на оружје на Турција, истакна дека Турција веќе произведува сопствени воени авиони и хеликоптери, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ваквите изјави, всушност, даваат повод за јакнење на нашата одбрамбена индустрија. Во таа смисла, на сите полиња го зголемуваме домашното и националното производство. Произведуваме сопствени воени авиони и хеликоптери. Турција, сигурно никогаш нема да биде беспомошна", рече Чавушоглу.
Германскиот шеф на дипломатијата, наводно, во врска со извозот на оружје во Турција изјави дека Германија не може да ги задоволи сите барања на Анкара околу тоа прашање, додавајќи дека се работи за голем број барања, како и дека Берлин ја замрзнал продажбата на оружје на таа земја.