Zuhal Demirci
22 Април 2019•Ажурирај: 23 Април 2019
АНКАРА (АА) - Шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, изјави дека Турција не прифаќа никакви еднократни санкции ниту притисоци, реагирајќи на одлуката на Соединетите Американски Држави (САД) со која не се продолжени олеснувањата и исклучоците за осумте земји кои се изземени од санкциите кон Иран, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Не ги прифаќаме едностраните санкции и наметнувања за тоа како да се однесуваме кон нашите соседи“, порача Чавушоглу преку Твитер.
Тој додава и дека одлуката на САД за укинување на исклучоците во врска со санкциите за увоз на нафта од Иран нема да одат во корист на регионалиот мир и стабилност.
За потсетување, американската администрација денеска соопшти дека не сака да ги продолжи олеснувањата за осумте земји кои се изземени од санкциите кон Иран.
Со одлука на американскиот претседател Доналд Трампа, САД минатата година се повлекоа од меѓународниот договор за иранската нуклеарена програма и ги обновија санкциите кон Техеран, кои вклучуваат и забрана за увоз на иранска нафта.
Американските санкции беа воведени на 7 август, а обновени на 5 ноември минатата година, а од обврската да се приклучат кон тие санкции на рок од 180 дена беа изземени Кина, Турција, Индија, Јапонија, Јужна Кореја, Тајван, Италија и Грција.