Zuhal Demirci,Şerife Çetin
06 Ноември 2020•Ажурирај: 06 Ноември 2020
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, изјави дека растечкиот популизам, расизмот и непријателството кон исламот ги уништиле вредностите кои ги претставува самата Европска Унија (ЕУ), јавува Агенција Анадолија (АА).
Чавушоглу се обрати на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на членките на Процесот за соработка во југоисточна Европа (ПСЈИЕ).
Истакнувајќи дека процесот на интеграции во ЕУ бил предводник на промените и развојот за многу земји во регионот, посебно за време на 1990 година и почетокот на 2000 година, Чавушоглу порача дека Турција, како земја која постигнала интеграција со ЕУ во многу подрачја, сака Унијата да биде успешна во согласност со идеалите од времето на нејзиното формирање, односно да биде интегративна, а не дискриминирачка.
„Растечкиот популизам, расизмот и непријателството кон исламот ги уништија вредностите кои ги претставува самата ЕУ“, порача Чавушоглу.