Betül Yürük
19 Мај 2022•Ажурирај: 19 Мај 2022
ЊУЈОРК (АА) - Министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, рече дека во рамките на Стратешкиот механизам имал многу позитивен состанок со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, јавува Агенција Анадолија (АА).
Чавушоглу во седиштето на Обединетите Нации (ОН) во Њујорк се состана со американскиот колега Блинкен, а по состанокот за новинарите изјави дека турско-американските преговори за продажба на борбените авиони Ф-16 продолжуваат во позитивен правец.
Коментирајќи го барањето на Финска и Шведска за прием во НАТО, Чавушоглу рече дека е неприфатливо земјите кои тежнеат кон членство во НАТО да ги поддржуваат терористичките организации кои ја напаѓаат Турција.
Чавушоглу, исто така, рече дека американскиот државен секретар Блинкен рекол дека ќе „ги даде потребните пораки за решавање на загриженоста на Турција за безбедноста“ во врска со барањата на Шведска и Финска за членство во НАТО.