Cemal Coşkun
11 Март 2017•Ажурирај: 12 Март 2017
ИСТАНБУЛ (AA) - Министерот за надворешни прашања на Турција Мевлут Чавушоглу денеска од Истанбул порача дека Холандија ќе добие одговор поради ускратувањето на дозволата за слетување на авион во кој се наоѓал Чавушоглу, јавува Anadolu Agency (AA).
Чавушоглу одговараше на прашањата на новинрите во Истанбул и се осврна на одлуката на Владата на Холандија да се повлече дозволата за слетување во Ротердам, каде турскиот министер вечерва требаше да се обрати на собирот во резиденцијата на турскиот конзулат.
„Во секој поглед тоа е скандалозна и неприфатлива одлука. Освен тоа, во дипломатијата претставува екстремна точка", порача Чавушоглу, и упати прашање до Холандија зошто искажува пристрасност во врска со прашањето за референдум во Турција:
„Зошто толку ве вознемирува нашиот нов систем на управување и уставните промени, па не сакате да ги спречите. Свесни се за фактот дека Турција низ овој референдум ќе зајакне уште повеќе, ќе биде независна земја и ќе има посилна економија", рече Чавушоглу.
„Секој дека Холандија ќе добие одговор на потегот кој го направи", додаде тој.
Нагласи дека ваквата одлука на Владата на Холандија го израдува екстремниот десничар Вилдерс.
„Кој се израдува на ваквата одлука, секако Вилдерс. Тоа е она што всушност и сакаше. Ако ги погледнавте постовите на Вилдерс, видовте дека е многу задоволен. Каква е разликата помеѓу премиерот, односно Владата на Холандија која ја донесе ваквата одлука и Вилдерс? Нема никаква разлика. Ист менталитет, исто размислување, ист фашизам", рече Чавушоглу.