Eşber Ayaydın
11 Март 2017•Ажурирај: 12 Март 2017
ИЗМИР (АА) - На рибниот пазар во Измир турските рибари изложија редок улов на 30 ражи поединечно тешки и до 200 килограми, јавува Anadolu Agency (AA).
Необичниот улов го привлече вниманието на клиентите, а поединци дури и се фотографираа покрај огромнитеражи чиј распон на бочните перки достигнува и до три метри.
Рибарот Мехмет Сахин Чакан изјави рече дека токму големината на рибите е причината што го привлекува вниманието на клиентите.
Според него, во Турција не е раширена навиката за спремање јадења од ражи, но нарачките доаѓаат од соседна Грција.
„Во Грција е силна побарувачката за ражи. Затоа ќе ги продаваме во Грција. Уловивме 30 ражи со поединечна тежина од 150 до 200 килограми", вели рибарот Чакан.