Fatih Hafız Mehmet
22 Ноември 2016•Ажурирај: 22 Ноември 2016
АНКАРА (АА) - Министрите за надворешни работи на Турција и на Соединетите Американски Држави (САД), Мевлут Чавушоглу и Џон Кери имаа телефонски разговор за актуелните настани во светот, јавува Anadolu Agency (AA).
Шефовите на турската и на американската дипломатија разговараа за ситуацијата во Сирија, насилството и страдањата на цивилите во таа земја.
Особено внимание посветија на ситуацијата во Алепо.
Во источниот дел на сирискиот град Алепо, во претходните шест дена загинаа 322 цивили, а ранети беа 1.150 во нападите на руските сили и на единиците на сирискиот режим.