Hatice Özdemir Tosun
12 Март 2022•Ажурирај: 13 Март 2022
АНТАЛИЈА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, се состана со претставникот на Европската Унија (ЕУ) за надворешни односи и безбедносна политика, Жозеп Борел, известува Агенција Анадолија (АА).
Двете официјални лица се состанаа на маргините на Дипломатскиот форум во Анталија, Турција.
Чавушоглу и Борел во текот на средбата разговараа за најновите случувања во Украина и на Кипар.
Вчера официјално започна вториот Дипломатски форум во Анталија, на кој учествуваат бројни политичари, дипломати, креатори на јавното мислење и интелектуалци од целиот свет, за да разговараат за актуелните глобални теми.
Форумот, чиј комуникациски партнер е Агенција Анадолија (АА), трае до недела и вклучува бројни панели и дискусии на кои учесниците ќе разговараат за широк спектар теми во врска со меѓународните односи. На Форумот учествуваат и бројни политичари од Балканскиот Регион.