Mehmet Fatih Erdoğdu
12 Март 2022•Ажурирај: 14 Март 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Водечкиот турски производител на беспилотни летала, компанијата „Бајрак“, продолжува со тестирањето на моделот на борбеното летало „Бајрактар Акинџи Б“. Од компанијата известуваат дека на пробниот лет е соборен националниот висински рекорд со висина од 40.170 стапки (12.243,8 метри), известува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на компанијата се наведува дека моделот Б на „Бајрактар АКИНЏИ ТИХА“ (борбено беспилотно летало), што „Бајрак“ го разви од домашни и национални ресурси во рамките на проектот „Акинџи“ под водство на Дирекцијата за одбранбена индустрија, минатата недела го имал својот прв лет.
Продолжувајќи ги своите пробни летови во Чорлу, без разлика на временските услови, „Бајрактар Акинџи Б“ достигнал висина од 40.170 стапки (12.243,8 метри) по тестовите спроведени на различни висини, што претставува највисока висина достигната во националното воздухопловство.
Селчук Бајрактар, главниот технолошки раководител на компанијата „Бајрак“, изјави дека „Акинџи Б“ е најмоќното вооружено беспилотно летало способно за борба во својата класа на светот.
Халук Бајрактар, генералниот директор на компанијата, изјави дека постигнале извозни договори со две земји за новиот модел.
„По Акинџи Б, наскоро на небото ќе биде моделот Акинџи Ц со моќност од 1.900 КС“, најави Бајрактар.
Станува збор за проект за развој на беспилотни летала што се спроведува под раководство на Дирекцијата за одбранбена индустрија на Турција. Развојот и производството на леталата се базирани врз домашни ресурси.