Mustafa Melih Ahıshalı
16 Јануари 2017•Ажурирај: 17 Јануари 2017
ТЕХЕРАН (АА) - Соборено е беспилотно летало забележано во воздушниот простор на Техеран, главниот град на Иран, јавува Anadolu Agency (AA).
„Врз беспилотното летало со непознат идентитет, кое летало во забранетиот простор над Техеран, е отворен оган при што е соборено”, истакна заменик шефот на полицијата на Техеран, Али Насирбат.
Тој истакна дека е покрената истрага во врска со овој случај.
Претставник на воздушните операции Али Риза Илхами изјави дека леталото врз кое е отворен оган било квадкоптер на далечинско управување.
Кратко потоа, во воздушниот простор на Техеран полетаа и борбени авиони.