Hakan Çopur
03 Април 2019•Ажурирај: 04 Април 2019
ВАШИНГТОН (АА) – Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, истакна дека договорот на Анкара за купување на ракетни одбранбени системи С-400 од Русија е завршена работа, и дека нема отстапување од тоа, јавува Anadolu Agency (AA).
„Договорот за С-400 е завршена работа, и нема да отстапиме од тоа. САД последно дадоа понуда за Патриот, но нема гаранција дека ќе се изврши испораката“, рече Чавушоглу за време на еден настан на НАТО во Вашингтон организиран од страна на тинк-тенкот на Атлантскиот Совет.
Чавушоглу нагласи дека неговата земја не треба да бира меѓу Русија и другите земји.
„Ние нема да бираме меѓу Русија и другите сојузници“, додаде турскиот министер.
„Ние не ги гледаме нашите односи со Русија како алтернатива за нашите односи со другите, и никој, ниту Западот ниту пак Русија, не треба или не може да бара да бира меѓу нив“, истакна Чавушоглу.
Чавушоглу дојде во Вашингтон за состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО, кој ги обедини високите дипломати на земјите членки на Алијансата во Вашингтон.
Шефот на турската дипломатија пристигна во истата недела кога САД соопштија дека ќе ги суспендира сите пратки и активности во врска со набавката на Турција на авионите од типот Ф-35 поради плановите на Анкара за купување ракетни системи С-400 од Русија.
„Трамп во телефонски разговор самиот призна дека САД направиле грешка што на Турција не им го продале системот Патриот, и тој на претседателот Ердоган му ветил дека тој ќе се погрижи за ова прашање“, нагласи Чавушоглу.
Функционер на Пентагон вчера за АА истакна дека турските пилоти ќе продолжат со обука во рамки на програмата за воени авиони од типот Ф-35 во Аризона.