Ekipa
16 Април 2017•Ажурирај: 16 Април 2017
АНТАЛИЈА (АА) - Шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, во рамките на референдумот, гласаше во турскиот град Аланија, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот Чавушоглу во придружба на сопругата, правото на глас го искористи во турскиот град Аланија.
Тој на новинарите им изјави дека во предреферендумските кампањи, секој го кажал својот збор.
Според Чавушоглу и опцијата „ДА” и опцијата „НЕ” ги кажале своите гледишта, има и такви, како што истакна, кои ги преминале своите граници и се обиделе на Турците во странство да им кажуваат што е најдобро за нив.
Министерот Чавушоглу го истакна следново:
„Имаше такви кои заземаа страна, но денеска и зборот и одлуката му припаѓа на народот. Народот ќе донесе одлука за иднината на Турција. Сметам дека денешниот ден е многу важна пресвртна точка за Турција. Од утринските часови народот на Турција го користи своето демократско право на глас во секој дел од земјата. Тоа е демократија”.