Zuhal Demirci
23 Април 2021•Ажурирај: 23 Април 2021
ИСТАНБУЛ/АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, во врска со мировниот процес во Авганистан истакна дека ќе продолжат нивните мировни напори во понатамошниот процес и силната поддршка за нивните авганистански браќа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Чавушоглу имаше свое обраќање на трилатералниот состанок на министрите за надворешни работи на Турција - Авганистан - Пакистан.
Шефот на турската дипломатија нагласи дека Авганистан и Пакистан се братски земји и дека нивните народи се братски народи за Турција.
Тој подвлече дека Турција има историски силни врски со овие земји.
Чавушоглу нагласи дека на денешниот трилатерален состанок имале можност да разговараат за осигурување на мирот, стабилноста и безбедноста во регионот, како и за можностите за трилатерална соработка за благосостојба на народите.
„Во понатамошниот процес силно ќе продолжат нашите мировни напори и поддршка за нашите авганистански браќа“, рече турскиот министер за надворешни работи.