Mümin Altaş
08 Октомври 2019•Ажурирај: 08 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Турскиот потпретседател Фуат Октај денеска во Анкара изјави дека Турција не е земја која дејствува користејќи се со закани, јавува Anadolu Agency (AA).
Октај беше гостин на Универзитетoт „Гази“ во Анкара, по повод почетокот на новата академска 2019/20 година. Во таа пригода, говорејќи за актуелните случувања, рече:
„Нашата порака до меѓународната заедница е јасна. Турција не е земја која дејствува користејќи се со закани.“
Тој додаде дека Турција на терористите ќе им покаже каде им е местото.
„Турција на терористичките организации кои се закана за нејзините граници на југ, ќе им покаже каде им е местото, а истовремено на сириските бегалци кои се наоѓаат во Турција ќе им овозможи да се вратат во својата земја“, истакна Октај.