ИСТАНБУЛ (АА) - МУТЛУ ДЕМЕРТАШТАН –
4. Фестивал за етноспорт и култура организиран од Светската конфедерација за етноспорт (DEK) привлече голем интерес кај посетителите, пишува Аnadolu Agency (AA).
Четиридневниот фестивал одржан на аеродромот „Ататурк“ го посетија приближно 1 милион 200 илјади луѓе.
Покрај натпреварувањето во 12 традиционални спортови, посетителите на Фестивалот имаа можност да се запознаат и со различните светски кујни, рачните занаети и со разните игри за деца.
Агенцијата Анадолија (АА) беше глобален комуникациски партнер на Фестивалот на којшто спортистите имаа можност да ги истакнат своите карактеристики за решеност и борба.
Светската конфедерација за етноспорт е основана 2015 година во Киргистан. Меѓународната институција организира разни активности за да спречи заборавање на традиционалните спортови и игри.
Во 2017 година, седиштето на Конфедерацијата се пресели во Истанбул. Денес, Конфедерацијата, во која членуваат 13 членки од 10 земји, од 2016 година го организира Фестивалот за етноспорт и култура. Фестивалот, кој содржи многу традиционални спортови во својата автентична форма, има за цел традиционалните игри да ги пренесе на идните генерации.
- На Фестивалот учествуваа скоро илјада спортисти -
Речиси 1.000 спортисти се натпреваруваа на Фестивалот во 12 традиционални спортови, меѓу кои стрелаштво, пеливанство, борење со ремени, фрлање џилит, манкала и коњичко стрелаштво.
- Фудбалските ѕвезди од Супер лигата на Турција учествуваа во дисциплината стрелање -
Фестивалот го посетија и фудбалерите од Супер лигата на Турција.
На првиот ден на Фестивалот се приклучија и фудбалските sвезди, уругвајскиот голман Фернандо Муслера од Галатасарај, Радамел Фалкао од Галатасарај, Емре Белозоглу и Ведат Муриќи од Фенербахче, како и поранешниот голман Рушту Реџбер, кои се испробаа во дисциплината стрелаштво.
Посетителите покажаа голем интерес за фудбалерите.
Фудбалерите на Медипол Башакшехир, Арда Туран и Ѓокхан Инлер, ги следеа спортските дисциплини со коњи.
- Голем интерес за традиционалните вкусови -
Претседателството на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) ги претстави традиционалните вкусови од голем број земји.
Традиционалните специјалитети од 7 области на Турција беа претставени на Фестивалот. Исто така, беа презентирани и 50 вкусови од повеќе од 16 земји од светот.
Посетителите имаа можност да пробаат од традиционалните јадења од Авганистан, Албанија, Азербејџан, Палестина, Грузија, Косово, Молдавија, Монголија, Узбекистан, Пакистан, Сенегал, Судан, Танзанија, Тунис, Украина и Јемен.
Посетителите, исто така, посетувајќи ги местата каде што се изготвуваа традиционалните вкусови имаа можност да научат како се готви, и вкусовите да ги пренесат во сопствените кујни.
- Голем интерес за дисциплината стрелаштво -
Учесниците на Фестивалот покажаа голем интерес за стрелачките дисциплини.
Во овие организации, особено децата се обидоа да гаѓаат со традиционални стрели. Покрај тоа, интересни беа и симулациите на војни со тапи стрели и со преземени безбедносни мерки.
- Коњичките спортови беа следени со внимание -
За време на Фестивалот, граѓаните покажаа голем интерес за коњичките спортови.
Коњичките спортови демонстрирани од страна на Азербајџан и Карабах, и активностите на спортистите од Аргентина беа следени со внимание и задоволство од страна на посетителите на Фестивалот.
- Редици за коњичките спортови -
Посетителите создадоа редици во делот за натпреварите со коњи. Посетителите на Фестивалот имаа можност своите деца да ги прошетаат со коњи, а исто така и самите да го доживеат тоа искуство.
На фестивалот, децата имаа можност да јаваат коњи од расата пони, а повозрасните пак, јаваа коњи придружени од професионалци.
- Децата и традиционалните игри -
Покрај спортски натпревари, беа организирани и забавни активности за деца.
Децата кои го посетија настанот имаа можност да искусат над 30 традиционални игри, кои беа скоро заборавени.
Тие, исто така, се испробаа и во многу спортови и игри, како стрелаштво, јавање коњи и мангала под надзор на искусни професионалци.
Присутните во шаторот за воено репортерство на АА, поставен на Фестивалот, имаа можност да се забавуваат и да поминат одлично време.
Академијата за новинарство на Аnadolu Аgency (AA) во соработка со Полициската академија во рамките на Фестивалот ја претставија обуката на воени известувачи и известувачи од катастрофи.
Натпреварувачите со челични елеци и кациги се бореа да ја завршат патеката за обука што е можно побргу.
news_share_descriptionsubscription_contact
