Esra Tekin
18 Август 2023•Ажурирај: 19 Август 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Министерот за внатрешни работи на Туркије, Али Јерликаја, соопшти дека уште тројца терористи на терористичката организација ПКК им се предале на турските безбедносни сили, пренесува Анадолу.
Јерликаја, во објавата на X, порано познат како Твитер, нагласи дека терористите дејствувале во рамките на структурата на терористичката организација ПКК во северниот дел на Ирак и Сирија.
Тој рече дека вкупно 32 терористи им се предале на турските безбедносни сили во последните два месеца.
Во својата повеќе од 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на речиси 40.000 луѓе, вклучително жени, деца и бебиња.