Gökhan Ergöçün
18 Август 2023•Ажурирај: 21 Август 2023
ИСТАНБУЛ (АА) – Соединетите Американски Држави (САД) обезбедија заем во вредност од 100 милиони долари за регионите погодени од земјотресот во Туркије, соопшти денес американската Амбасада во Анкара, пренесува Анадолу.
Средствата од Американската финансиска корпорација за меѓународен развој ќе бидат обезбедени преку приватната Шекербанк, која ќе алоцира 33 милиони долари од сопствените ресурси зголемувајќи го износот на 133 милиони долари, се вели во соопштението на американската дипломатска мисија.
„Седумгодишниот заем ќе се користи првенствено за поддршка на развојот на регионот погоден од земјотресите на 6 февруари, како и за финансирање на женските бизниси, и малите и средни претпријатија“, се додава од Амбасадата.
„Овој заем е огромен чекор кон поддршка на заедниците погодени од земјотресот во Туркије“, изјави американскиот амбасадор Џефри Флејк.
Во двата силни земјотреси што ја потресоа јужна Туркије на 6 февруари загинаа 50.000 луѓе.