Mehmet Sıddık Kaya
15 Јуни 2022•Ажурирај: 17 Јуни 2022
ДИЈАРБАКИР (АА) - Протестите во југоисточната област на Туркије, Дијарбакир, продолжуваат да растат откако уште едно семејство се приклучи на протестот против терористичката организација ПКК, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од 3 септември 2019 година семејствата кампуваат пред канцелариите на Народната демократска партија (HDP), која е поврзана со ПКК.
Хатун Јуџејурт рече дека нејзиниот син Сердар бил однесен во планините од терористичката организација кога имал 15 години.
Јуџејурт им кажа на новинарите дека гледајќи ги демонстрациите на телевизија одлучила да се приклучи на протестот за нејзиниот глас да биде слушнат.
„Мојот син ја напушти куќата велејќи ’Ќе одам да играм фудбал‘. Немам слушнато ништо за него со години“, рече таа.
Протестот, исто така, се прошири и во другите области, меѓу кои Ван, Муш, Ширнак и Хакќари.
Во терористичката кампања против Туркије што трае повеќе од 35 години, терористичката организација ПКК, која е на листата на терористички организации во Туркије, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија, одговорна е за смртта на најмалку 40.000 луѓе, жени, деца и доенчиња.
Протестот вроди со плод бидејќи десетици деца насилно киднапирани или регрутирани од терористичката организација, избегаа од ПКК и се соединија со своите семејства.