Abdullah Doğan
06 Јуни 2022•Ажурирај: 09 Јуни 2022
КОЊА (АА) - АБДУЛА ДОГАН -
Аеробатскиот тим на „Турски ѕвезди“ од своите пилотски кабини ги сними историските и значајните места на Туркије, пишува Агенција Анадолија (АА).
Аеробатскиот тим на Турските воздухопловни сили, тим стациониран во 3-тата главна воздухопловна база во Коња на Командата на воздухопловните сили, е основан во 1992 година со цел да ја зајакне довербата на турскиот народ во Турските вооружени сили и да го зголеми интересот на младите за авијацијата.
Аеробатскиот тим, кој со своите движења во воздухот ја импресионира и публиката, стана бренд на оваа земја на небото.

Прославувајќи ја 30-годишнината од своето основање, тимот досега има изведено речиси 600 летови. Тимот може да одговори само на 25 од над 200 покани што доаѓаат годишно.
Изведувајќи 150 активности во 24 различни земји во странство, „Турските ѕвезди“ со своите аеробатски летови учествуваа на фестивали за технологија и наука, на разни прослави, како и на прославите на националните празници.
Аеробатските изведби со авионите што минуваат над илјада километри на час, а растојанието меѓу нив се доближува и до еден метар, од граѓаните се следени со голем интерес.

- Аеробатскиот тим ги сними градовите -
Аеробатскиот тим од својата пилотската кабина досега ги сними историските и значајните места на 42 града.

Пилотите покрај своето шоу од нивните кабини ги снимија историските и значајните места и природните богатства на градовите од Анталија до Коња, од Истанбул па сè до Агри.
Од камерата на аеробатските пилоти снимени се места како што се споменикот на шехидите Чанаккале, комплексот Аниткабир во Анкара, Босфор и замокот во Мардин.