Nilay Kar
30 Мај 2019•Ажурирај: 01 Јуни 2019
АДАНА (АА) - Четири лица се уапсени во јужниот дел на Турција во подрачјето на Адана, поради наводи за нивна поврзаност со терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Изворите кои зборуваа под услов на анонимност истакнаа дека апсењата се случиле откако полициските единици извршиле рација на сомнителни локации, на кои се верувало дека се наоѓаат терористите на ДЕАШ.
„Двајца од осомничните, кои од Сирија во Турција дошле нелегално, биле т.н. главни на ограноците за бомби и тешко оружје на терористичката група“, велат изворите.
Повеќе од 300 лица ги загубија своите животи во нападите на ДЕАШ во Турција, каде што терористичката организација ги има за цел цивилите во бомбашки, ракетни и оружени напади.
Турските безбедносни сили се вклучени во долготрајна кампања за спречување на нападите на ДЕАШ.