Metin Girgin
28 Август 2018•Ажурирај: 29 Август 2018
КОЏАЕЛИ (АА) - Во Коџаели, Турција, уапсен е братот на Набил Фадли, припадникот на терористичката организација ДЕАШ кој во 2016 година изврши самоубиствен напад на плоштадот „Султанахмет“ во Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Во нападот што на 12 јануари 2016 година го изврши Набил Фадли, загинаа десет, а беа ранети 14 лица. Неговиот брат близнак, Сириецот Ибрахим Фадли (31), исто така припадник на ДЕАШ, и А.Б. (22) се уапсени во Коџаели.
Двете осомничени лица во 2012 година ја поминале обуката во камповите на терористичката организација ДЕАШ во Сирија, а потоа во Турција влегле по илегален пат.