Dilara Hamit
24 Ноември 2019•Ажурирај: 25 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - ДИЛАРА ХАМИТ -
Турција е подготвена за изградба на заедница за стари лица со цел да го промовира здравото стареење, по соработката со американска непрофитна организација, пишува Агенција Анадолија (АА).
Геронтологот д-р Кемал Ајдин, и претседател на Светскиот совет за здраво стареење (WHAC) на Турција, вели дека се подготвени да започнат огромен проект во пензионерскиот туризам, со кој би биле домаќини на 1,5 милијарда пензионери во селата.
Претставниците на „Ние се грижиме за човештвото“ (WCH) пристигнаа во главниот град Анкара за разговари за соработка со Светскиот совет за здраво стареење (WHAC) на Турција.
Со соработката се има за цел да се изгради екопалата, што ќе ја издвои Турција како лидер на полето на здравото стареење на светско ниво.
Турција со својата природа, техничката инфраструктура и културното наследство претставува атрактивно место за здравствениот туризам.
Осврнувајќи се на Светскиот самит на стареењето - што се одржа во Турција во 2005 година на кој зедоа учество околу 1.000 проминентни лица, меѓу кои и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Ајдин рече дека се очекува Турција да биде новиот центар за здраво стареење.
„Светската здравствена организација (СЗО) присуствуваше на тој Самит и уште тогаш истакна дека Турција треба да биде центар на здравото стареење.“
„По Самитот работевме напорно за да го оствариме тоа, ги засукавме ракавите за експото на Светското здраво стареење 2022“, додаде тој.
Султана Маријам Амор, основач на „Ние се грижиме за човештвото“ (WCH) за АА изјави дека се планира ваков проект да се започне и во Уганда, Камбоџа и на Филипините.
„Екопалатата има различна улога во секоја земја, зависно од потребите“, додаде Амор.
„На Филипините, ние ја креиравме нашата екопалата во однос на потребите произлезени од неодамнешниот инцидент во градот Марави, кој беше заземен од терористичката организација ДЕАШ, така што имавме околу 20.000 раселени семејства кои имаа потреба од постојан дом.
„Ќе одговориме на итните случаи во ваквите земји, додека во Турција приоритет за нас се старите лица од групата со пониски примања“, рече Амор.
Нагласи дека нивното партнерство со Светскиот совет за здраво стареење (WHAC) на Турција ќе има за цел промовирање на здравото стареење, кое е исто така промовирано и од претседателот Ердоган.
„Екопалатата ќе биде центар на бесплатно образование, здравствена заштита, програма за доволен приход за живот, центар на култура и уметност. Оваа област од екотуризмот, при која старите луѓе ќе го поминуваат времето живеејќи здрав живот, ќе дава економски придонес за земјата“, рече Амор.
Таа нагласи дека е клучно да се има простор каде што ќе се гради, за проектот да заживее.
Истакна дека целта е да се седне на маса со властите и приватниот сектор во врска со земјиштето што ќе се користи за екопалатата, а исто така и за комерцијални цели за кои луѓето и инвеститорите ќе можат да реализираат заеднички вложувања.
„Сите екопалати се вид екотуризам, при што луѓето ќе можат да дојдат и да ја посетат, што ќе стане дополнителен извор на приход за екопалатата“, рече Амор.
Во светот живеат околу 962 милиони луѓе над 60 години, двојно повеќе од 1980 година.
До 2050 година овој број ќе биде повеќе од удвоен и ќе достигне речиси 2,1 милијарда. Овој пораст на старата популација, заедно со намалувањето на стапката на раѓање значи дека до средината на овој век ќе има повеќе луѓе на возраст над 60 години отколку оние под 15-годишна возраст.