Mehmet Tosun
10 Ноември 2019•Ажурирај: 11 Ноември 2019
АНКАРА (AA) - Низ Турција со пригодна програма и манифестации денеска се одбележува 81. годишнина од смртта на Мустафа Кемал Ататурк, основачот на Република Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Централната манифестација се одржа на платото на Ататурковиот мавзолеј „Антикабир“ во Анкара, каде што присуствуваа турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и делегациите.
Ердоган положи венец во мавзолејот, по што, точно во 09:05 часот, во времето кога Ататурк починал, на првиот претседател на Турција му е оддадена почит со сирени и со интонирање на химната на Република Турција.
По посетата на делегацијата на мавзолејот на Ататурк, тој остана отворен за посета на граѓаните кои пристигнаа во голем број.
Утрово во 09:05 часот, во времето кога Ататурк починал, дневните активности низ Турција се запрени на две минути. Во тој час се огласија сирените, а граѓаните со едноминутен молк и на други пригодни начини се сетија на основачот на Република Турција.
Возачите низ Турција ги запреа своите возила на патиштата и излегоа да му оддадат почит на Ататурк.
Годишнината од смртта на Ататурк со пригодни програми и приеми се одбележува низ Турција, но и во дипломатските претставништва на Турција низ светот.
Ататурк е роден во 1881 година, во Солун.