Eren Bozkurt
13 Март 2020•Ажурирај: 13 Март 2020
АДАНА (АА) - Турската полиција во Адана фати три лица осомничени за потонувањето на гумениот чамец во кој на 2 септември 2015 година животот го загуби и тригодишното дете од Сирија, Ајлан Курди, чие безживотно тело беше пронајдено на плажата, глетка што ја потресе целата светска јавност, јавува Агенција Анадолија (АА).
Полицијата уапси тројца бегалци кои се товарат за организирање на криумчарење мигранти во Грција.
Кривичниот суд во Бодрум, кој од претходно го води судењето за тој случај, ги осуди сите тројца обвинети на затворски казни во траење од по 125 години. Осудени се за петкратно убиство и за организирање на криумчарење на мигранти.
По завршување на судењето осудените се пратени во затвор.
Претходно се уапсени двајца сириски државјани, кои се осудени на затворски казни од по 50 месеци. Осудени се за помагање во криумчарење на мигрантите.