Özgün Tiran
23 Јануари 2017•Ажурирај: 24 Јануари 2017
КИРКЛАРЕЛИ (АА) - Во областа Киркларели, во северозападна Турција се фатени 102 мигранти кои се обидувале нелегално да ја напуштат земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Жандармериските тимови во областа забележале три групи мигранти кои се подготвувале за нелегално заминување од Турција.
Фатените мигранти по потекло се од Пакистан, Сирија и од Авганистан.
Мигрантите се испратени до Дирекцијата за миграција на Киркларели за да се завршат потребните процедури.