Enes Kaplan
29 Ноември 2017•Ажурирај: 29 Ноември 2017
АНКАРА (AA) - Набљудувачката мисија на Турските вооружени сили (ТСК) во зоната на деескалација во сирискиот Идлиб се одвива успешно, а потполна безбедност и благосостојба на тоа подрачје ќе бидат воспоставени кога оваа задача ќе биде извршена и во западниот дел на Алепо и во Африн, соопштено е по денешната седница на Советот за национална безбедност на Турција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението по седницата, како неприфатлив е оценет секаков обид на терористичката организација ПКК/ЈПГ која со прикриено етничко чистење се обидува да го измени демографскиот состав на Сирија и да владее на делот на територијаа на таа земја.
„Турција продолжува да ги презема сите мерки на предострожност, посебно во пограничните подрачја за да биде неутрализирана секоја закана по безбедноста на земјата", порачано е по седницата на Советот.