Sibel Uğurlu
02 Јули 2019•Ажурирај: 03 Јули 2019
АНКАРА (АА) - Најмалку 45 лица, вклучувајќи активни војници и поранешен воен персонал, беа уапсени денеска поради тврдења за нивна поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во југозападната област Мугла, двајца капетани на должност и еден наредник беа уапсени врз основа на налогот издаден за 42 осомничени за кои постоеја наводи дека се дел од инфилтрираните членови на терористичката организација во армијата“, вели извор кој зборуваше под услов да остане анонимен.
Во Анкара беа уапсени 22 лица под сомнеж дека ја користеле апликацијата „БајЛок“, систем за шифрирана комуникација меѓу припадниците на ФЕТО. Тие беа меѓу 30-те осомничени кои се бараа според налозите за апсење.
Најмалку 7 лица беа исто така уапсени во црноморската област Зонгулдак, откако обвинителите издадоа налози за апсење на 8 осомничени.
Обвинителите во северозападната област Коџаели издадоа налози за апсење на вкупно 15 члена на армијата, вклучувајќи и 6 војници на должност и 7 поранешни кадети.
Во операции спроведени во седум области, фатени се 13-мина од нив.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), стојат зад неуспешниот обид за државен удар на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
Терористичката ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрација на нејзините припадници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.