Faruk Zorlu
03 Јули 2019•Ажурирај: 04 Јули 2019
ДИЈАРБАКИР (АА) - Турските безбедносни сили запленија речиси 5,5 милиони стебленца канабис во акција насочена против терористичката организација ПКК, соопштија регионалните официјални претставници во Дијарбакир, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Кабинетот на гувернерот на турската област Дијарбакир се истакнува дека локалните жандармериски командос-единици извршиле акција на 72 различни локации во окгругот Лиџе, од 30 јуни до 2 јули. Се додава дека покрај 5,43 милиони стебленца канабис, биле запленети и 63 килограми хашиш.
За време на тридневната акција се уништени и 15 пештери, што ги користеле терористите на ПКК.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), е одговорна за смртта на речиси 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.
Трговијата со дрога е главен извор на финансии за терористичките акции на ПКК. Според наводите на турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, ПКК контролира 80 отсто од трговијата со дрога во Европа, од што заработува околу 1,5 милијарди долари годишно (околу 1,33 милијарди евра).